Кафуле во Германија смисли начин како со сигурност гостите да останат на безбедно растојание

Европските земји почнуваат полека да оживуваат повторно. Една од нив е Германија, каде што се намалуваат претходните ограничувања, спроведени со државните мерки за заклучување. Ова не е изненадување бидејќи Германија се смета за една од земјите што се справи со пандемијата крајно добро. Ова им даде можност на рестораните да започнат со работа со одредени ограничувања.

Кафуле во Шверин наречено „Cafe & Konditorei Rothe“ неодамна започна со работа служејќи ги гостите на масите надвор. Тие ги разделиле масите на 1,5 метри за да се задржи одредено растојание помеѓу клиентите, а тоа треба да го направи секој ресторан.

Сепак, сопственикот на „Cafe & Konditorei Rothe“ отиде малку подалеку и смисли генијална идеја да се погрижи гостите да останат на растојание. Тој на шапки прикачил сунѓери за базен и на овој начин го „спречил“ зближувањето на помеѓу гостите, но и дефинитивно ги расположил.