Кајакар си ги сними последните моменти од својот живот во живо на Фејсбук

Кога објавуваме фотографии и видеа на социјалните мрежи не ни помислуваме дека тоа може да е последниот спомен од нас. За жал ваква била трагичната судбина на еден кајакар од Австралија. Џереми Ворти се вклучилво живо на Фејсбук за да го покаже своето искуство со кајак. Тој сакал да лови риба, но немирната вода не му го дозволувала тоа. Тој изгледа како да носи елек за спасување во тој момент.

„Мислев дека ќе биде проблем. Ова ме носи на возење“, вели тој во видеото. Џереми откако го исклучил видеото на засега непознат начин се удавил во водите. Случаен посетител на плажата го забележал празниот кајак и ја повикал полицијата, а телото на Џереми било пронајдено. И покрај обидите да го оживеат, сѐ било залудно, Џереми починал.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!