Кајли Џенер ги извади на послужавник за да ја продаде палатата за 20 милиони, а ние треба да се воодушевуваме

Кајли Џенер повторно ја користи проверената формула: малку облека, многу самореклама, и уште повеќе милионски зделки – овојпат за да го промовира нејзиниот нов кармин. Официјалниот повод? Две секси фотографии во кои буквално речиси се излева од фустанот, веднаш по тоа што ја стави на продажба нејзината вила за фантастични 20 милиони долари. Сосема случајно, се разбира.

Кајли Џенер ги извади на послужавник за да ја продаде палатата за 20 милиони, а ние треба да се воодушевуваме

Минимално платно, максимален маркетинг: Кајли без градник во бел фустан го промовира новиот руж

Во новиот Инстаграм пост на нејзиниот козметички бренд, 28-годишната ‘бомба’ се појави без градник, во мини фустан кој едвај ја држи на место, уште и корсет, се разбира. Ако се прашувате каква врска има карминот со ова – очигледно врската е само во нејзините усни, кои нежно ги допираше со пораката: „Soft shine за пролетни денови. Меко, топло и без никаква мака. Купете го нашиот нов butter cake lip butter на kyliecosmetics.com и @ultabeauty!“ Се разбира, и ние како публика сме обврзани да го посакаме истиот резултат.

Минимално платно, максимален маркетинг: Кајли без градник во бел фустан го промовира новиот руж

Северноамериканска палата од над 1.200 квадрати: Кајли продава раскошна вила за преку 20 милиони долари

За оние што имаат ситно кусур, Кајли Џенер неодамна ја стави на пазар нејзината вила во Хиден Хилс, Калифорнија за симболични 20.250.000 долари. Се работи за бела, двокатна модерна фармхаус вила расположена на 0,57 хектари, опремена со базен, џакузи, надворешна кујна, огниште, театар, простор за игри со бар, луксузна канцеларија со камин, теретана и масажна соба. Ако сте љубител на долги влезови, гаражи и детски игралишта со гостински апартман – ова е вашиот нов дом!

Северноамериканска палата од над 1.200 квадрати: Кајли продава раскошна вила за преку 20 милиони долари

Реновирање како стил на живот: Кајли Џенер инвестира пола милион во дрвја за нејзината нова мегаломанска резиденција

Секако, рутината на една најпосакувана ѕвезда не би била комплетна без да се пофали со нова градба. И додека старите вили се продаваат по енормни суми, таа од време на време споделува и „вкусни“ детали од реновирањето на следниот замок: нова перална или тули. За околината потроши околу 500.000 долари само за дрвја од маслинка. Новата куќа, купена од Мајли Сајрус за 15 милиони во 2020, ќе има подземна гаража џа 12 коли, бункер, 15 спални, спортски терен и огромен базен, дизајнирана од реномираниот канадски архитект Ричард Ландри. Очекувано, гламурот веќе е во финиш.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *