Како 6 момчиња преживеале 15 месеци на пуст остров откако бродот им потонал

„Господарот на мувите“ раскажува застрашувачка приказна за тоа што се случува ако група на млади момчиња остане на пуст остров: хаос, терор и смрт.

Сепак приказната од оваа книга се користи како претпоставка за тоа што би можело да се случи, но малку луѓе знаат дека постои и реална верзија на приказната, но таа има многу посреќен крај.

Статија од 1966 година во австралискиот весник „The Age“ сведочи за тоа како 6 момчиња биле пронајдени на карпестиот остров јужно од Тонга, наречен ‘Ата. Но, за нивна среќа после повеќе од една година помината на пуст остров момчињата биле спасени од морнар по име Питер Ворнер и сите биле живи и здрави.

Питер патувал дома од Тасманија во зимата 1966 година кога наишол на Ата и забележал нешто необично: имало запалени делови на зелените карпи. Тоа не било ништо во споредба со она што го видел следно. Голо момче скокнало во водата и почнало да вреска по него за помош.

Момчињата – Стефан, Сионе, Коло, Давид, Лука и Мано – му рекле на Питер дека тие биле ученици во интернат во Нукулола, главниот град на Тонган, и завршиле на островот откако „позајмиле“ брод еден ден во 1965 година од рибар кој не им се допаѓал и невремето ги однело кон островот Ата.

Питер првично не им поверувал и решил да провери преку радиото. Дваесет минути подоцна, операторот рекол: „Ги најдовте! Овие момчиња се сметаат за мртви. Оддржани се погреби. Ако тоа се тие, ова е чудо!“

Па како точно преживеале? Тие 8 дена биле заглавени на море и бродот им бил уништен и откако го здогледале островот Ата се упатиле кон него. Тие ги поделиле работните места на три тима, едниот тим градинари, втор кувари и трет чувари. Момчињата, на возраст меѓу 13 и 16 години, се молеле и пееле песни наутро и навечер и кога некои од нив ќе почнале да се расправаат си давале „тајм аут“.

Имале и тешки денови за време на летото ретко врнело па децата биле дехидрирани. Стефан исто така си ја скршил ногата па пријателите му ја заврзале со лисје и стапчиња. Момчињата преживеале првично на риба, кокос, птици и јајца од морски птици, но откако откриле антички вулкански кратер на врвот на островот, јаделе диви таро, банани и кокошки.

Откако беа спасени на 11.09.1966 година, тие беа однесени дома само за да бидат уапсени бидејќи рибарот од кој го украле бродот господин Танинела Ухила решил да ги тужи. За среќа на момчињата, Питер ги спасил уште еднаш и му платил на г. Ухила 150 фунти за неговиот стар брод, обезбедувајќи го ослободувањето на момчињата од затвор.

Подоцна нарачал нов брод и ги ангажирал сите момчиња како дел од неговиот екипаж, давајќи им можност да го видат светот надвор од Тонга.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.