Како барањето на Силвестер Сталоне за време на снимањето на Роки IV за малку ќе го убиело
На Силвестер Сталоне не му е непознат ударот во фаца, но барањето што тој го направил за време на снимањето наРоки IV за малку ќе го убиело.
Писателот и ѕвездата на мега хитот Роки поминал неколку исцрпувачки денови на снимање додека тренирал за четвртиот дел од серијалот филмови.
Сепак, не бил неговиот тренинг она што го повредило, барањето што Сталоне го упатил до неговиот колега Долф Лундгрен го довело до болница.
Во режија на самиот Сталоне, Роки IV е драматичен додаток на серијалот. Филмот го следи Роки кој ветува дека ќе се одмазди за својот пријател Аполо, кој загинал за време на боксерски меч со рускиот боксер Иван Драго.
Иако изведбата на Сталоне како татко во филмот не е многу убедлива, неговите борбени сцени се насилно реалистични.
Посветеноста за автентичноста на четвртиот филм била речиси фатална.
За време на снимањето на сцената со тепачка во финалето, Сталоне го замолил Лундгрен „ да го удри во градите, за да направи сцената да изгледа реално. Тој ги помина следните девет дена во болница, како резултат на ударот“.
За среќа, Сталоне се опоравил и се вратил за снимањето на неговите последни два дела од серијалот.