Како бесценет мозаик на римскиот император Калигула завршил како обична масичка во нечиј дом

Изгубениот мозаик на римски император се појавил во стан во Њујорк. Како мозаикот на римскиот император Калигула завршил во стан во Парк Авенија се` уште е мистерија.

Парчето е направено од зелен и бел мермер со виолетово-црвен порфир, вид карпа со кристали.

Се вели дека мозаикот бил поставен на подoт во еден од екстравагантните бродови на Калигула што тој сам ги нарачал.

Царот Калигула е опишан како суров владетел и бил убиен во 41 година од нашата ера по четиригодишно владеење. Неговите бродови биле потонати во средината на езерото Неми, во југоисточен Рим. Имало неколку обиди да се подигнат бродовите од езерото, нобиле неуспешни.

Во 1895 година, нуркачите повторно го испитувале местото каде што биле потонати бродовите и почнале да извлекуваат мошти од езерото. Вака археолозите ги откриле големите мозаици.

Во издание на „The Youth’s Companion“, археологот Родолфо Ланчиани го открил „прекрасното“ откритие, опишувајќи ја прво пронајдената рамка од дрво, а потоа и самите шарени плочки, според текстот на Њујорк Тајмс од 1898 година.

Ланчиани напишал:

„Последно доаѓа под газен од царски стапала, направен од дискови од порфир и серпентина, не подебели од сребрен долар, врамени во линии од емајл, бели, златни, црвени и зелени . Боите се брилијантни“.

Меѓутоа, вистинската величина на екстравагантните бродови била откриена подоцна, во 1900-тите, кога фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини наредил езерото Неми делумно да се исцеди. Се сметало дека Мусолини бил фасциниран од Калигула и сакал двата брода да се извадат од езерото. Толку многу што во раните 1930-ти Мусолини изгради музеј во близина на езерото каде што ќе се чуваат бродовите и нивните богатства.

Сепак, музејот наводно бил користен како засолниште од бомби за време на Втората светска војна и бил запален од Германците кои се повлекле во 1944 година, уништувајќи ги повеќето предмети внатре.

Неколку децении подоцна, во 2013 година, италијански експерт за камен и мермер по име Дарио Дел Буфало држел предавање во Менхетен за да го одбележи објавувањето на неговата книга Порфири, која вклучувала слика на мозаик изваден од подот на еден од бродовите на Калигула.

Мозаикот немал траги од изгореници, поради што Дел Буфало верувл  дека плочката или била искрадена од музејот пред пожарот или веќе била во приватни раце.

По предавањето, Дел Буфало слушнал разговор помеѓу „младо момче со чудна капа“ и една дама по име Хелен.

Младиот човек рекол:

„Колку убава книга. О, Хелен, види, тоа е твојот мозаик“.

На што Хелен одговорила: „Да, тоа е мојот мозаик“.

Шокиран, Дел Буфало отишол да го најде парот. Наскоро дознал дека одамна изгубениот мозаик бил масичка во домот на Хелен.

Хелен, за која се покажа дека е трговец со уметнички дела и сопственичка на галерија Хелен Фиорати, рекла дека „тоа било невино купување“ и дека таа и нејзиниот сопруг го купиле предметот од италијанско семејство во 1960-тите.

Обвинителите од канцеларијата на окружниот обвинител во Менхетен, сепак, велат дека има докази кои сугерираат дека делото било украдено од музејот Неми во Италија, веројатно за време на Втората светска војна.