Како Борат го намести адвокатот на Трамп и го фати на дело со младата НЕ 15-годишна Бугарка Марија Бакалова

Видео од Руди Џулијани во продолжението на Борат го покажува како го бара бројот и домашната адреса на актерката Марија Бакалова, пред да се обиде да избега од Саша Барон Коен. Новиот дел од филмот за Борат беше објавен на 22 октомври, само еден час пред последната претседателска дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден.

Во филмот, г-дин Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и личен адвокат на претседателот, е интервјуиран од 24-годишната актерка Марија Бакалова, која е од Бугарија играјќи ја Тутар, ќерката на Борат и лажната водителка на конзервативната ТВ-емисија.

Откако ќе заврши лажното интервју во хотелската соба, г-ѓа Бакалова како Тутар, го поканува г-дин Џулијани да се напие пијалок со неа во спалната соба, каде што се поставени камери, непознати за поранешниот градоначалник. Токму кога ситуацијата станува жешка им влетува Борат во собата маскиран како „мајката“ на Марија и вели: „Таа има 15 години, таа е премногу стара за тебе!“. Џулијани прашува: „Зошто сте облечени така?“ и секако се обидува да се извлече од непријатната ситуација.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.