Како да бидеш глуп: Украл 88.000 долари од работа и полицијата го фатила откако решил да се пофали

Во случај да не сте знаеле не е паметно да крадете од луѓето за кои работите, а уште поглупо е да се пофалите за тоа на најјавен можен начин.

Арландо Хендерсон, поранешен вработен во банка од Шарлот, Северна Каролина бил уапсен од страна на ФБИ затоа што украл над 88.000 долари од банката каде што работел.

Интересно е што полицијата и требала многу да се помачи за да го фати крадецот. 29-годишниот, Арландо имал пристап до сефот на банката и крадел депозити на клиенти во најмалку 18 наврати во 2019 година.

Властите велат дека крадецот ги користел украдените пари за свои лични трошоци и „да направи голема исплата на луксузно возило“. Според изјавата, тој извршил уплата на готовина од 20.000 американски долари за Мерцедес во 2019 година и добил заем за автомобилот од друга банка.

На крајот го фатиле така што си објавил фотографија каде што држи голем куп од парите кои ги украл на социјалните мрежи. Да така е Арландо се фалел на Фејсбук и Инстаграм со парите па дури и напишал: „Правам да изгледа лесно но ова е навистина еден процес“.

Наскоро бил уапсен за измама на финансиските институции, 19 точки за кражба, проневера и злоупотреба и 12 точки за правење лажни записи – кои носат максимална казна од 30 години затвор и Парична казна од 1 милион американски долари.