Како да го направите совршениот сендвич, којшто нема да се распадне или навлажни додека почнете да го јадете?

Јадете сендвич? Прекрасно. Јадете мокар сендвич? Ужасно.

 

 

 

„Тоа е затоа што многумина од нас не знаат како правилно да направат сендвич – сè е поврзано со „градбата“, вели поранешниот готвач Тревер Кунк од Бостон, кој разговараше со „Food & Wine“ на темата како да се направи совршениот сендвич за максимална доза на крцкање, особено кога си подготвувате оброк што треба да го јадете подоцна.

Без разлика на полнењето, предупредува Кунк, ризикувате да ја уништите вашата совршена креација ако не започнете со вистинската основа.

 

 

 

„За почеток“, вели Кунк, „ви треба вистинскиот леб“ – на секој сендвич за кој сте му направиле планови за патување му треба парче свеж леб или багет.
Можете и да го потпечете во тава, со малку масло или путер.

За мачкање, тој избира мајонез, кој е на база на масло, наспроти вода, или може и сенф. Не сакате мајонез? Маслиновото масло исто така ќе заврши работа. Други совети вклучуваат избегнување на топли состојки, кои може да ја испуштат влагата додека се ладат, или доколку користите зеленчук, да го поминете со чиста крпа или салфетка и да го исушите малку.

 

 

„Нема да ставам домат на сендвич освен ако не е кисел, пржен или печен“, инсистираше Кунк.

„Исто така, погрижете се правилно да ја спакувате вашата креација“, изјави тој – „инвестирајте во фолија или хартија за печење, завиткајте го сето тоа, исечете го на половина како што прават професионалците, а потоа завиткајте го повторно“.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *