Како да натерате личност да го прави она што вие сакате: примерот на Ендрју Карнеги
Ендрју Карнеги, од почетокот на 20 век, бил познат по својот талент за да води луѓе. Тој бил еден од најбогатите Американци и предводник на експанзијата на челик во Америка, кон крајот на 19-ти век. Неговиот талент за да биде водач е добро илустриран со следниот љубопитен случај од тоа време.
Снаата на Карнеги често се жалела на нејзините два сина, кои откако излегле од дома да студираат на интернат, речиси и не и пишувале и не одговарале на нејзините писма. Карнеги се обложил дека може да добие одговор од невнимателните млади луѓе кога ќе стигне наредната пошта и тоа без да ги праша за тоа. Па така тој бил во право и го добил облогот.
Карнеги напишал кратко писмо до своите внуци, распрашувајќи се за нивните работи и успеси. И во еден посткрипт тој, како случајно, запишал: „Приложувам пет долари за вашиот џепарлак“ (прилично значајна сума за тоа време). Но, банкнотата не ја ставил во ниту едно писмо.
Непотребно е да се каже дека во следната пошта, Карнеги добил две писма од неговите љубезни внуци, во кои тие раскажуваат како оди на факултет, му се заблагодаруваат на нивниот вујко за неговата добрина и велат дека нема пари во пликот. Ако сакате да добиете нешто од некоја личност, размислете за тоа што тој сака, а не за тоа што сакате вие. Ова е заклучокот од оваа приказна на која треба да ни текнува одвреме- навреме.
Коментирај анонимно