Како да паднале од Марс: Бизарни структури откриени случајно при создавање на вештачко езеро
Откако во 1941 година беше создадено вештачкото езеро Кроули во Калифорнија, на брегот беа откриени необични карпести формации. Приближувајќи им се, истражувачите нашле карпа на столбови – тенка, врежана и рамномерно распоредена.
Веднаш почнаа шпекулациите лево-десно од каде потекнуваат овие необични формации, а целата област стана предмет на голема мистерија. Дотолку што под карпата и меѓу столбовите можете да влезете и да ја истражите нејзината внатрешност која наликува на лавиринт од столбови и одаи.
Но, научниците се согласија со текот на времето: чудото на природата било создадено од вулканска активност во минатото, кога по вулканска ерупција низ целата област течела река од лава, придружена со подоцнежни ерозии поради ветерот и водата.
Некои од столбовите се високи речиси шест метри, а повеќето од нив доаѓаат во нежни портокалово-сиви бои. Се верува дека на овој простор има дури 5.000 вакви столбови, а во рамките на карпите ќе најдете и бројни пештери.
Целата област се наоѓа на прекрасна плажа и е опкружена со вода. Бидејќи во областа нема жива душа, сè изгледа како сцена од друга планета.
Патот до нив не е лесен и може само со автомобил, но според многу луѓе патот вреди. Треба само да внимавате на годишното време во кое доаѓате бидејќи за повисоки водостои не е можен пристап до карпите на столбовите.