Како да препознаеш човек во ноќта? (виц)

Се враќа Зоки од трета смена по темната уличка кон дома. Гледа кон него доаѓа маж, но не се гледа кој е.
Зоки си мисли:
“Овој не е од нашето маало, сигурно бил кај некоја ку*ва. Во нашето маало има три, Бети, Кети и жена ми. Бети е во болница, Кети е на зимување, значи тој бил кај мојата жена. Мојата има тројца швалери, Јове, Драги и Киро. Јове е во Италија, Драги е на службен пат…”
– Здраво Киро!
– Како ме позна бе?
– Логика братче, логика!