Како да препознаете дали имате проблем со алкохолот и што значи терминот „сиво пиење“?

Ако ги прашате повеќето луѓе дали имаат проблем со алкохолот, сигурно дека девет од десет испитаници со сигурност би одговориле „не“ – сепак, постои друга категорија во која би можеле да спаѓаат.

 

 

 

Наместо да одиме директно до најлошото сценарио кога размислуваме за алкохолизмот, треба да погледнеме пошироко, бидејќи постојат различни нивоа на зависност од него.

Според зборовите на американскиот психијатар д-р Даниел Амен, можеш да „не си целосно зависник, но и да немаш навистина здрава врска“ со алкохолот. Ако тие зборови ви значат нешто, тогаш добре дојдовте во клубот „сиво пиење“.

Овој вид на пиење не ги покажува вообичаените знаци на злоупотреба на алкохол на кои сме научени да внимаваме, меѓутоа, луѓето често се борат со тоа да не знаат кога да престанат. Во видеото на „TikTok“ во кое ги објаснува карактеристиките на „сивото пиење“, тој објасни како можете да ги препознаете знаците на тоа.

 

@docamen

Let’s talk about the grey area of drinking #fyp

♬ original sound – BrainMD

 

 

 

Специјалистот од Лос Анџелес рече: „Често мислам, ако пиете и тоа ве доведува во неволја – здравје, врска, закон, вашите пари – и повторно го направите тоа, имате проблем. Ако кажувате работи во вашата врска – на вашиот партнер или на вашите деца – и тоа се случува само кога пиете, тоа е проблем. Ако едноставно почнувате да губите зборови, без разлика на која возраст сте – тоа значи дека алкохолот може да ви биде проблем“.

Според д-р Амен, секогаш треба да се запрашате која е „целта на пиењето“.

И ако има врска со подобрување на вашето расположение и едноставно чувството на подобро во себе, тогаш имаме вести за вас: „Па, има уште 1.000 начини. Добро е да ги пробате.
Не ме сфаќајте погрешно, нема потреба да се чувствувате виновни што ќе се напиете некоја чашка на настан од работа – но само внимавајте тоа да не стане навика и да не можете да отидете на настан без да се напиете“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *