Како да се биде среќен? Што рекол големиот мудрец Цар Соломон, кога луѓето го прашале за тајните на животот?

Кога цар Соломон слегол од планината, после зајдисонцето, толпа луѓе во подножјето се сврте кон него:

– Вие сте извор на инспирација за нас. Вашите зборови секогаш ни ги полнат срцата. И вашата мудрост ни го просветлува умот. Ние сме жедни за вашите зборови.

Кажете ни кои сме ние?

Тој се насмевнал и рекол:
– Вие сте светлината на светот. Вие сте ѕвездите. Вие сте храм на вистината. Секој од вас е Вселена. Потопете го умот во срцето, прашајте го срцето и слушајте преку љубовта. Блажени се оние што го познаваат јазикот на Бог.

– Која е смислата на животот?

– Животот е пат, цел и награда. Животот е танц на љубовта. Вашата цел е да станете подобри. Да се биде – тоа е голем подарок од светот. Вашиот живот е историја на Вселената. И затоа, животот е поубав од сите теории. Однесувајте се кон животот како кон празник, затоа што тој е вреден сам по себе. Животот е сегашноста. А смислата на сегашноста е да бидеш во неа.

– Но, зошто не прогонува несреќата?

– Што ќе посееш, тоа ќе жнееш. Несреќата е ваш избор. Сиромаштијата е творба на човештвото. А тагата е плод на незнаењето. Обвинувајќи, вие ја губите моќта, а страста ја расејува среќата. Разбудете се. Бедни се оние кои не се осознаваат себе си, а бездомници се оние кои не го откриваат во себе царството Божјо. Не трошете го времето напразно. Не дозволувајте толпата да ви ја уништи душата и богатството да стане ваше проклетство.

– Како да ја надминеме несреќата?

– Не обвинувајте се. Затоа што вие сте божествени. Не споредувајте се и не делете се. Бидете благодарни за сè. Радувајте се, зашто радоста прави чуда. Сакајте се затоа што оние што се сакаат себе си ги сакаат сите. Благословете ги пречките бидејќи храбрите постигнуваат блаженство. Молете се, но не тргувајте со Бога. И знајте дека благодарноста е најдобрата молитва, а среќата најдобра храна за душата.

– Кој е патот до среќата?

– Среќни се тие што љубат, благодарните и смирените. Среќни се оние што го најдоа рајот во себе. Среќни се оние кои бараат, пробудените и оние кои го слушаат Божјиот глас. Среќни се оние кои ја исполнуваат својата цел, кои живеат во хармонија и ја гледаат убавината на светот. Среќни се тие што се сакаат себе си и го сакаат животот. Среќни се креативните, слободните и тие што простуваат.

Која е тајната за изобилството?

– Вашиот живот е најскапото нешто од богатството Божјо. А Бог е најголемата скапоценост на човечкото срце. Богатството внатре во вас е неисцрпно и изобилството околу вас е бесконечно. Светот е доволно богат за да ги направи сите богати. Бидејќи колку повеќе давате, толку повеќе добивате. Среќата е на вашиот праг. Отворете се за изобилство и претворете сè во златото на животот. Блажени се оние што го најдоа богатствата во себе.

– Како да живееме во светлина?

– Пијте го секој момент од животот, бидејќи неизживеаниот живот создава тага. И знајте дека тоа што е внатре во вас, тоа е и околу вас. Темнината на светот доаѓа од темнината во срцето. Среќата е изгрејсонце. Просветлувањето е сјај на илјадници сонца. Блажени се гладните за светлина.

– Како да имаме хармонија?

– Живејте едноставно. Не му нанесувај штета никому. Не завидувајте. Сомнежите нека ве прочистуваат, а не да ви носат немоќ. Посветете го живот на убавото. Создавајте за доброто на луѓето, а не заради признание. Однесувајте се кон вашите блиски како со откровение. Преобразете го минатото, заборавајќи го. Дајте му на светот нешто ново. Исполнете го телото со љубов. Станете енергија на љубовта затоа што љубовта одухотворува се. Каде е љубовта, таму е Бог.

– Како да постигнеме совршенство во животот?

– Среќните се преобразуваат. Несреќните остануваат робови затоа што среќата ја сака слободата. Радоста е таму каде што е слободата. Постигнете ја уметноста на среќата. Отворете се пред светот и тој ќе ви се отвори. Откажете се од конфликти и ќе станете кралеви.

Живејте во хармонија! И едноставно бидете себе си!