Како да задоволиш жена? (виц)

Во брачна агенција менаџерот ѝ предлага на клиентката:
– Еве ви еден добар кандидат.
Маж, 38 годишен, 184см, 85кг, смеѓ со сини очи.
– О, интересно!
– Не пуши. Поранешен професионлен пливач е.
– Прекрасна прилика!
– Сопствен бизнис: Автосервис, ланец на бензински пумпи. Куќа на Водно, викендичка на Охридско езеро…
– Едноставно немам зборови!
– Од хобијата, ќе издвојам дека обожава да танцува.
– Одлично. А може ли сепак да видам и некој друг кандидат?