Како да живеете без кирија и да патувате: Инспиративната приказна на 20-годишната девојка која избрала да живее како номад
Дали некогаш фантазирате да ја напуштите работата, да се преселите од вашето место и да живеете живот на пат? Се чини невозможно, нели? Како ќе заработувате пари? Како да останете безбедни? Како да преживеете без сите удобности на кои сте навикнати?
Абигејл Мартин, 20-годишна фотографка го направи тој огромен скок во непознатото со тоа што купи комбе и го однесе на пат. На нејзината страница на TikTok, таа им покажува на луѓето каков е номадскиот живот и како секој може да ѝ се придружи.
Сè започнало кога таа била во средно училиште и почнала да гледа #VanLife видеа на интернет. До моментот кога дипломирала, таа немала никаков интерес да оди на факултет.
Така, таа работела четири работни места додека не заштедила 18.000 долари за да купи Ford Transit од 2017 година. Поставувањето кревет, кујна и поставување на електричната енергија чинело дополнителни 10.000 долари.
„Наутро работев во кафуле од 6 часот наутро до пладне, а потоа одев преку улица до бутик од пладне до 18 часот“, изјави таа за Њујорк Тајмс . „Потоа одев како келнерка во ресторан од 18 часот до затворање. Во слободните денови, водев сопствен бизнис со фотографирање“.
Сега таа живее во комбе, не плаќа кирија и пари ѝ одат само за бензин и јадење. Исто така таа работи како фотографка, сезонска работничка за време на летото и тогаш штеди за да може да патува, и исто така заработува од договори со брендови за реклами.
Абигејл го купила своето комбе за време на екот на карантинот. А еве како изгледа нејзиниот живот во него:
Како останува безбедна живеејќи во комбе?
@abigailmartiin Reply to @whyamisigningupforthis How i stay safe! #vanlife #vanbuild #solofemaletraveler #solofemalevanlife #outdoors #travel #fyp ♬ original sound – Abigail Martin
Коментирај анонимно