„Како е да патуваш кога си дебел“: Оваа жена ги потенцира проблемите на кои слабите луѓе никогаш не помислуваат

Запознајте ја Мери Фран Донели,  27-годишна наставничка која ги освои срцата на интернет корисниците со своите забавни и весели видеа на ТикТок. Таа зборува за многу работи, од справување со токсични пријатели до учење како да го сакаш своето тело и е инспирација за многу луѓе.

Неодамна Мери започна видео серија со наслов „Патување како дебела личност“ каде открива како хотелот во кој престојувала за време на семеен одмор не бил наменет за гости со вишок килограми.

Од мали крпи кои не покриваат многу, до малечкиот тоалет, смешната демонстрација на Мери собра милиони прегледи.

@itsmaryfranBecause Tik Tok thinks I’m bullying MYSELF, here’s the re-upload for the besties♬ original sound – Mary Fran