Како е тоа можно? „Мравјалникот“ на древните Анасази кој не престанува да ги збунува научниците

Националниот споменик Банделиер покрива значителна област на дивината на Ново Мексико. Недалеку од Лос Аламос во Сандовал, на 130 квадратни километри пустош, никој не живее, но јасно се гледаат домовите на поранешните жители.

Засолништата врежани во карпите со прозорци кои се пробиваат низ ридовите делуваат како дело на некои џиновски мравки.

Мравјалникот е на некои места висок и неколку ката, со соби поддржани со греди, изградени помеѓу 12 и 16 век, а покрај исклучителната архитектура Банделиер го красат бројни пиктограми и антички уметнички дела создадени од домаќините, Анасази.

Нивното име доаѓа од јазикот на Индијанците Навахо, што значи антички луѓе или антички непријатели. Предколумбиската цивилизација продолжува да ја буди љубопитноста на историчарите, архитектите и астрономите.

Големата патна мрежа, начините на кои тие ги пренасочувале водотеците за развој на земјоделството и уметноста на градење куќи од тули или карпи се огледало на нивните вештини. Архитектура на непристапни места до кои доаѓале со јажиња (кои никогаш не биле пронајдени) се само дел од прашањата на кои експертите и денес се обидуваат да одговорат.

Уништените пештерски живеалишта Банделиер ги има низ долината, создавајќи нереална сцена. Посетителите можат самите да се прикрадат во нив, да замислат како некогаш живееле луѓето, да истражуваат симболи и да најдат траги од оган.

Тие исто така можат да го посетат музејот во центарот за посетители за да видат автентична керамика и алатки, како и нацрт планови од поранешното село.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.