Како едно од најгусто населените места во светот се претвори во град на духови?

30 големи кампуси од станбени згради, 25 продавници, училиште, болници, гробишта – и сето тоа на многу мал остров долг помалку од километар и половина и широк 160 метри. Во своите најславни денови, островот Хашима не бил само населен – тој бил едно од најнаселените места во светот!

Хашима, остров кој припаѓа на Јапонија, ископува јаглен од почетокот на 19 век. Првично, тоа била само карпа во морето, самиот остров бил создаден вештачки кога биле ископани рудници за јаглен. До 1930-тите Хашима станал индустриски центар, тука биле изградени воени фабрики, а во 1940-тите Кинези и Корејци биле донесени на принудна работа во рудниците.

Најзначајните истакнатости на островот се напуштените бетонски градби, негибнати освен од природата, и заобиколувачкиот морски ѕид. Додека островот е симбол на брзата индустрализација на Јапонија, тој е исто така потсетник на јапонските воени злосторства како место на присилна работа пред и за време на Втората светска војна.

Во најнаселените години, на Хашима живееле 5259 луѓе, 60% од островот бил окупиран од станбен развој. Така, со површина од 6,3 хектари и крајбрежје од 1,4 km, густината на населеност на островот била 139.100 луѓе на km². Но, постепено резервите на јаглен пресушиле и до 1974 година сите рудници на Хашима биле затворени. Островот бил пуст, сите жители го напуштиле, а Хашима се претворил во град на духови.

Во 2015 година, островот бил вклучен во листата на УНЕСКО во делот „Објекти на индустриската револуција од периодот Меиџи: металургија, бродоградба и индустрија за јаглен“. Хашима моментално е отворен за туристи.