Како функционираат македонските општини? (виц)
Во центарот на еден македонски град се појавила огромна дупка. Голем број луѓе испопаѓале во дупката и се повредиле. Поради комплексноста на ситуацијата градоначалникот го свикал итно советот на општината да дискутираат какви мерки да се преземат за да го решат проблемот. Најпаметниот општински советник од СДСМ рекол:
– Треба да паркираме едно возило на брза помош да стои постојано до дупката, па ако некој падне во неа ќе можеме да го однесеме во болница многу побрзо.
Предлогот бил изгласан и прифатен од сите. На крајот ефектот бил минимален и голем број луѓе секојдневно продолжувале да се кршат. Градоначалникот пак свикал нова седница и овој пат најпаметниот општински советник од ВМРО предложил:
– На патот до болницата да се забрани движењето на автомобили, за да може брзата помош побрзо да стигнува до болницата.
Предлогот беше изгласан и прифатен. На крајот ефектот повторно бил минимален. На третата седница на советот, требало да се преземат некакви драстични мерки.
Советниците на крајот на седницата донеле едногласна одлука:
– Да се сруши сегашната болница и да изградат нова до дупката.
Тогаш веќе градоначалникот не издржал и скокнал:
– Ама вие сериозно ли мислите да ја рушите сегашната болница и да градиме нова!? Знаете ли колку пари ќе не чини тоа? Има многу подобро решение, а никој од вас не го гледа – можеме едноставно да ја пополниме дупката и да ископаме друга исто таква точно до болницата.