Како Господ го создал мажот? (виц)
– Господе, имам проблем!
– Што е, Ева?
– Многу сум ти благодарна за сите добри работи што ми ги даде, но сепак не сум среќна.
– Зошто?
– Осамена сум, Господе.
– Добро Ева, во тој случај ќе ти создадам маж.
– Маж? Што е тоа?
– Суштество создадено од противречности – ќе лаже, ќе мами, ќе биде самобендисан и горд. Но тој ќе биде и многу силен, брз и ќе ве лови за тебе. Ќе ги задоволи твоите физички потреби, но ќе се однесува многу детски, наивно и глупаво, па секогаш ќе му треба твојот совет.
– Звучи одлично.
– Но, ќе го создадам под еден услов.
– Да?
– Како што кажав, тој ќе биде многу горд и самобендисан, па нека си мисли дека тој е создаден прв. Ова ќе биде нашата мала тајна…
Многу јако
Коментирај анонимно