Како храната и времето кога јадете ќе ви помогнат да постигнете врвен изглед, без да земате апчиња за слабеење?
Иако лековите за слабеење станаа многу популарни во последниве години, истражувањата покажуваат дека мнозинството луѓе и понатаму претпочитаат да слабеат без медикаменти. Научните сознанија укажуваат дека одредени хранливи материи и стратегии во исхраната можат природно да го стимулираат истиот хормон – GLP-1 – кој е клучен за ефектите на семаглутидите.
GLP-1 е хормон кој го поттикнува чувството на ситост и ја забавува дигестијата. Лековите ја зголемуваат неговата концентрација илјадници пати повеќе отколку што тоа може да се постигне преку исхрана. Сепак, храната и начинот на јадење сепак имаат значително влијание.
Што и како да јадете?
Храната богата со влакна (грав, зеленчук, интегрални житарки, јатки и семиња) го зголемува GLP-1 преку создавање на кратколанежни масни киселини во цревата. Мононезаситените масти (маслиново масло, авокадо) исто така помагаат – маслиново масло со леб произведува повеќе GLP-1 од леб со путер. Слично дејство имаат и јатките како ф’стакот.
Редоследот на храната е важен: прво протеини и зеленчук, потоа јаглехидрати. Времето од денот, исто така, влијае – појадокот предизвикува посилна реакција на GLP-1 отколку вечерата. Бавното јадење и темелното џвакање, па дури и формата на храната (на пример, рендан зеленчук наместо пире), исто така, имаат ефект.
Иако исхраната не може да постигне толкава концентрација на GLP-1 како лековите, долгорочните здравствени придобивки – како 30% намален ризик од срцеви заболувања со медитеранска диета – ги надминуваат оние од медикаментите.
Клучни совети за природно слабеење
Појадувајте обилно
Јадете барем една храна богата со влакна по оброк
1. Користете маслиново масло редовно.
2. Прво јадете протеини и зеленчук, потоа јаглехидрати.
3. Грицкајте јатки.
4. Јадете бавно и џвакајте темелно.
Природните методи не се брзи како лековите, но се побезбедни и покорисни за општото здравје.
Коментирај анонимно