Како Итар Пејо ја измислил лотаријата (виц)

Итар Пејо решил да купи магаре, па се договорил со Насрадин Оџа да му го даде неговото за 50 гроша. Му дал Пејо 50 гроша, а Насрадин Оџа требало да му го донесе магарето наредниот ден. Наредниот ден доаѓа Насрадин Оџа тажен, а Пејо го прашува:
– Што се случи бе пријателе, каде ми е магарето?
– Магарето сношти умре.
– Умрело, умрело, врати ми ги парите и решен проблем.
– Јас би ти ги вратил, ама вчера ги потрошив.
Итар Пејо малку помислил и му рекол:
– Добро тогаш, донеси ми го магарето.
– Но зошто ти е мртво магаре?
– За да си ги вратам парите.
Речено, сторено. Насрадин Оџа му го донел мртвото магаре на Пејо.
Се среќаваат после неколку дена и Насрадин Оџа го прашува Пејо што направил со магарето.
– Го продадов на пазар во Прилеп за 100 гроша – му одговорил Пејо.
– За 100 гроша? Како успеа да продадеш мртво магаре за 100 гроша?
– Па отидов на пазарот, го оставив магарето понастрана и реков дека ќе му го дадам на најсреќниот што ќе купи ливче од 2 гроша. Продадов 50 ливчиња и заработив 100 гроша.
– Чекај, чекај Пејо. Тој што го доби магарето кога виде дека е мртво не ли се бунеше?
– Да, да се бунеше, ама му ги вратив 2-те гроша.