Како изгледа Chevrolet Corvette C1 после 50 години поминати во штала? (17 фотографии)
Chevrolet Corvette C1 е многу редок автомобил кој ќе им се допадне на љубителите на класични автомобили. Во моментот автомобилот е во штала над 50 години, а се продава по цена на нов седан од средна класа. Автомобилот изгледа неверојатно – секако, за својата возраст.
Автомобилот неодамна беше пуштен во продажба во една од онлајн продавниците. Цената е 28.000 УСД, што е доста сериозна сума, ако се има во предвид следниот факт. Автомобилот нема мотор.
Исто така во текот на изминатите 50 години некој ги извадил и светлата. Да, и фалат некои детали од ентериерот, на пример, седиштата. Се чини дека сопственикот воопшто не го сервисирал автомобилот, или го продал за резервни делови. Сепак, познавачите кои имаат малку повеќе пари би го купиле автомобилот, па дури и би го донеле до првобитна состојба.

















