Како изгледа и со што се занимава Тара Липински, која стана најмладата светска шампионка во уметничко лизгање на денешен ден

Тара Липински е девојчето кое го воодушеви светот. Американката го свои Светскиот шампионат во уметничко лизгање во Лозана, Швајцарија во 1997 година на 22 март на возраст од само 14 години. Но, ова не е нејзиниот единстен успех. Тара Липински го освои златниот медал за уметничко лизгање на Олимписките игри во Нагано во Јапонија во 1998 година, со што влезе во историјата како најмладата индивидуа која некогаш освоила злато за Олимписките зимски игри.

Тара повеќе не е мало девојче и таа не се занимава со уметничко лизгање, односно барем не директно. Таа во 2014 година беше коментатор заедно со двократниот олимписки лизгач Џони Веир на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година, каде што исто така заврши одлична работа. Но, каде е таа сега?

Според личната веб-страница на Липински, таа „редовно се појавува како ТВ-аналитичар за Светското првенство во уметничко лизгање, Гран при наградата на серија на уметничко лизгање и Националното првенство во уметничко лизгање во САД“ и, како резултат на позитивните критики за неа и Веир додека ги коментираа Зимски олимписки игри 2014 во Сочи, двојката сега работи заедно како коментатори на Ен-Би-Си покривајќи настани како Олимписките игри во Рио, Кентаки Дерби и првенства во уметничко лизгање.

На 24 јуни 2017 година, Тара Липински се омажи за спортскиот продуцент Тод Капостаси во Чарлстон, Јужна Каролина. Во 2020 година направи операција од ендометриоза. Тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката расте и се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Овие израслини може да предизвикаат бројни симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.