Како изгледа најсмртоносниот остров на светот чии владетели се отровни змии

Илха да Кеимада Гранде е еден од најсмртоносните острови во светот бидејќи на него владеат отровни змии.

Островот се наоѓа во Бразил, јужно од Сао Паоло, но и покрај убавината, тој чува темна тајна.

На прв поглед изгледа како прекрасен зелен остров со површина од 44 хектари, опкружен со чиста вода, но ако стапнете на островот, ќе се соочите со многу помрачна реалност, па дури и ќе бидете изложени на ризик да го загубите животот.

Островот го доби прекарот „Остров на змиите“ поради тоа што е населен со безброј златни змии.

Иако постојат и друг вид на змии на островот, нивниот отров не толку моќен како оној на златните кој се смета за пет пати посилен.

Ако ве касне една од златните сорти на змии, шансите за преживување се прилично мали, особено бидејќи на островот нема медицински установи.

Се претпоставува дека окупацијата на змии на островот се случила кога нивото на морето се зголемило, отсекувајќи го островот од копното и последователно предизвикувајќи змиите да се прилагодат на нивната околина, поради што брзо се размножуваат.

Се проценува дека во моментов, има по една златна змија за секој квадратен метар на островот.

Брајан Фрај, молекуларен биолог, изјави дека каснување од златните змии ќе доведе до „болна смрт“. Фрај, кој себеси се нарекува „Доктор за отров“, рече дека ќе „умрете врескајќи“ доколку се сретнете од еден од жителите на островот.

Според документарниот филм на островот снимен од „Вице“, каснувањето од една од змиите „ја ликвидира вашата внатрешност“. Луѓето се плашат од островот и никој не сака да стапне таму, оставајќи го островот целосно да биде управуван од смртоносните змии. Според „Вице“, островот е дом на околу 3.000 видови змии, што значи дека има најголема концентрација на змии во светот.

Сепак, островот има автоматизиран светилник, кој бара годишно одржување. „Вице“ известува дека бразилската морнарица е регрутирана да ја изврши инспекцијата.

Понатаму, ако сакате сами да го посетите островот, треба да добиете дозвола од бразилската влада и од вас се бара да земете лекар со вас.

Владата има тенденција да ги прифаќа само барањата на новинарите или научните истражувачи, меѓутоа и некои туристи се одлучуваат да го преземат предизвикот.

Постојат и легенди кои велат дека на островот има богатство скриено од пирати, а змиите се таму за да го чуваат од крадци.