Како изгледа Новогодишната трпеза во различни земји во светот? П.С: Нашата е највкусна!
Новогодишната трпеза е вистинско огледало на културата, традициите и оптимизмот на секоја нација. Еве како различни земји ширум светот ја прославуваат Новата година преку храна:
Maкедонија
Руска салата, кифлички и сарми. Па, нема поубаво, нели?
Русија
Оливие, селска салата и мандарини. Незаменливи симболи на рускиот празничен дух. Шампањот под звукот на часовникот е задолжителен.
Италија
Супа од леќа и Зампоне (колбас), кои симболизираат богатство и среќа.
Аргентина
Различни слатки и вкусно месо.
Јапонија
„Тошикоши-соба“, долга хељдина тестенина, која симболизира долговечност.
Германија
Запечено прасе, кисела зелка и пиво, придружени со десерт „Берлинер“.
Шпанија
12 зрна грозје под ударите на часовникот, за среќа во новата година.
Полска
Пржена риба и традиционални тестенини. Чешелот (коските) од рибата често се носат како амулет за среќа.
САД
Пире и пити, како продолжение на Божиќната традиција.
Франција
„Фуа-гра“, остриги и шампањ, со десерти кои никогаш не завршуваат.
Велика Британија
Пудинг и чаша џин за традиционална и срдечна прослава.
Секој детал на трпезата ја раскажува приказната на народите, истовремено потсетувајќи нè на разновидноста и убавината на светските обичаи.
Коментирај анонимно