Како изгледа животот на жена која живее со 1.300 кучиња, 100 мачки и 4 коњи

Понекогаш справувањето со едно милениче е огромна обврска, замислете да имате илјадници животни за кои треба да се грижите. Тоа е животот на Вен Џунхонг, која презеде обврска да им ја даде на напуштените животни љубовта што ја заслужуваат, обезбедувајќи им засолниште и место во нејзиното срце.

Нејзината куќа е полна со кафези

68-годишната г-ѓа Вен Џунхонг поседува 2-катна куќа и секоја соба е натрупана со кафези! Според неа, таа го спасила своето прво куче пред повеќе од 20 години и оттогаш не запрела. Во нејзиното семејство сега има 1.300 кучиња, 100 мачки, 4 коњи и неколку птици и зајаци.

Се буди во 4 часот наутро секое утро

Вен станува навистина рано наутро да се подготви за нејзиниот ден. Таа ги чисти сите кафези кои често се полни со отпад преку ноќ. Потоа, таа готви мешавина од зеленчук, месо и ориз за животните, со што на крај изнесува околу 500 килограми храна.

Таа го продала својот стан и зела заем за да си ги плати трошоците

Грижата за толку многу животни не е шега. За да ги задоволи нивните потреби, Вен, која порано била техничар за животна средина, го продала својот стан. Таа исто така зела заем и ги користи своите заштеди и пензија за да се осигури дека напуштените животни имаат пристап до храна и засолниште.

Таа се надева дека луѓето ќе посвојуваат

Бројот на животни за кои се грижи Вен се зголемува бидејќи се повеќе луѓе ги напуштаат своите кучиња. За да ѝ помогнат, има персонал од 6 лица, но сепак, прашање на време е кога ќе останат без простор. Исто така, поради поплаки од соседите, таа веќе се преселила 6 пати.

Бидејќи интересот за чување миленичиња се зголемува во Кина, Вен се надева дека луѓето ќе започнат да ги посвојуваат нејзините бебиња за животните да можат да се преселат во своите вечни домови и да живеат слободно.