Како изгледаат и што прават денес ликовите од култниот филм „Враќање во иднината“

Враќањето во иднината несомнено може да се нарече најиконична трилогија на сите времиња.

Дури успеа да го направи автомобилот DeLorean, кој не беше успешен во реалниот живот (оној што служеше како „временска машина“ во филмот), повторно популарен. Но, што знаеме за актерите вклучени во филмот?

Мајкл Џеј Фокс (Марти МекФлај)

Актерот ја одбил улогата затоа што бил ангажиран на друг филм, но тие го стопирале снимањето и го чекале затоа што совршено одговарал на улогата. На 30 години му била дијагностицирана Паркинсонова болест, но благодарение на современата медицина тој е во добра состојба.

Клаудија Велс (Џенифер Паркер)

Денес Клаудија е успешна деловна жена – таа води неколку продавници за облека. Таа исто така го позајмува гласот во неколку цртани филмови и компјутерски игри.

Криспин Гловер (Џорџ МекФлај)

Гловер ја продолжи и својата актерска кариера, но претпочита драми како „Луѓето против Лери Флинт“ и „Злосторство и казна“. Напишал и неколку книги и режирал неколку филмови.

Томас Ф. Вилсон (Биф Танен)

Денес тој учествува во разни стенд-ап шоуа, е домаќин на подкаст наречен Big Pop Fun, позајмува глас во цртани како Сунѓерот Боб, па дури има и свој YouTube канал.

Кристофер Лојд (д-р Емет Браун)

Тој е активен во театарот и го позајмува својот глас во цртани филмови, исто така е многу активен на социјалните мрежи.

Леа Томпсон (Лорен Мекфлај)

По филмот, таа не само што успешно ја продолжи актерската кариера, туку и почна да пее. Томпсон доби многу награди за нејзината глума и сè уште продолжува да ги задоволува своите фанови со нови улоги.

Бонус: Леа Томпсон, Кристофер Лојд и Томас Вилсон од „Враќање во иднината“, се обединуваат со насмевки.