Како изгледале и со што се занимавале модерните кралици и војвотки пред свадбите

Во минатото кралици станувале само девојки и жени од кралски и благородни семејства, за среќа сега работите се менуваат. Членовите на кралските семејства низ светот стапуваат во брак од љубов и во секој случај оваа одлука е подобра.

Повеќето модерни принцези / кралици / војвотки се родени во скромни семејства, добиле образование, барале работа и потоа граделе кариера.

10. Летиција, кралица на Шпанија

Работела како: Новинар

Таа дипломирала и магистрирала новинарство и работела за весник, телевизија и била водителка на вечерна програма за новости.

9. Кетрин, војвотка од Кембриџ

Работела како: дизајнер, фотограф, специјалист за маркетинг, набавувач

Во 2005 година, Кејт дипломирала на универзитетот Свети Ендрус со диплома за историја на уметност. Работела во семејната фирма Party Pieces. Била вклучена во дизајн на каталози, фотографирање на производи и маркетинг кампањи. Покрај тоа, идната војвотка работела во одделот за набавки на ланецот продавници Jigsaw во Лондон.

8. Софи, грофица од Весекс

Работела како: специјалист за односи со јавност, претприемач.

Во 1996 година, идната грофица отворила своја PR агенција RJH за односи со јавноста. Агенцијата ја продолжила својата работа по свадбата на Софи со најмладиот син на Елизабета Втора, принцот Едвард. Во 2002 година, грофицата од Весекс го затворила својот бизнис и се фокусирала на кралските должности.

7. Масако, царица на Јапонија

Работела како: вработена во Министерството за надворешни работи на Јапонија.

Масако е родена во семејство на дипломат. Дипломирала на Харвард, каде што дипломирала економија, студирала право на Универзитетот во Токио. По завршувањето на студиите, работела во јапонското Министерство за надворешни работи. Откако решила да се омажи за наследник на царскиот престол, Масако била принудена да ја напушти дипломатската кариера.

6. Силвија, кралица на Шведска

Работела како: стјуардеса, преведувач.

Силвија дипломирала на Минхенскиот институт за преведувачи со диплома за шпански преведувач. Таа зборува германски, англиски, француски, португалски и шпански (а во бракот научила и шведски). Силвија била назначена за преведувач и водител на Летните олимписки игри во 1972 година во Минхен. Тогаш се запознала со наследникот на шведскиот престол Карл Густав. Таа во младоста кратко работела и како стјуардеса.

5. Мери, крунисаната принцеза на Данска

Работела како: менаџер (подоцнежен директор) за работа со клиенти во рекламни агенции, професорка по англиски, консултант за развој на бизнисот.

Мери дипломирала на Универзитетот во Тасманија со диплома за трговија и право. Исто така, таа добила стручни сертификати за маркетинг и рекламирање. По дипломирањето, работела во рекламни агенции и кратко предавала англиски јазик во Париз.

4. Мет Марит, крунисаната принцеза на Норвешка

Работела како: келнерка

Кога се запознала со наследникот на норвешкиот престол, Мет работела како келнерка и се грижела за вонбрачниот син. Таа своето образование го стекнала дури кога стапила во брак. Таа сега е магистар за извршен менаџмент.

3. Шарлин, принцеза од Монако

Работела како: професионален спортист, пливач.

Принцезата од Монако и сопругата на принцот од Монако Алберт Втори е професионална пливачка – таа настапи на Олимписките игри и на другите натпревари за Јужна Африка. Девојчето на возраст од 18 години го освои шампионатот за пливање во ЈАР. И 4 години подоцна, таа настапи на Олимписките игри во Сиднеј како дел од репрезентацијата на Јужна Африка, а нејзиниот тим го зазеде 5-то место.

2. Ранија ал Абдула, кралица на Јордан

Работела како: маркетинг менаџер

Ранија заработи диплома за бизнис администрација од Американскиот универзитет во Каиро. По дипломирањето, таа помина извесно време на маркетинг во Citibank, а потоа роботела кратко и во Apple.

1. Меган, војвотка од Сасекс

Работела како: актерка, манекенка.

Познат е фактот дека пред брак Меган работела како актерка и станала позната благодарение на улогата на Рејчел Зејн. Освен тоа снимала реклами и во 2006 година работела на шоуто Deal or No Deal (нашето Сѐ или нешто). Меган во ова шоу ги носела кутиите.

Бонус: принцезата Дијана

Пред свадбата со наследникот на британскиот престол, принцот Чарлс Дијана, Спенсер работеше како асистент во градинката „Млада Англија“.