Како мислевте дека вие имавте лош ден, замислете како му е на овој пилот кој направил „мала грешка“ во проценка
Авионот на Ер Индија беше фатен на снимка од случајни минувачи како е заглавен под мост во Делхи.
Наводно, авионот бил продаден пред да биде снимен во главниот град на Индија, и требало да биде преместен кога се случил инцидентот.
На видеото, се чини дека и покрај заглавениот авион без кријла, сообраќајот се одвива нормално.
Подоцна беше објавена изјава на Ер Индија во врска со инцидентот, во која авиокомпанијата изјави дека тие повеќе не се поврзани со авионот.
Во него се вели:
„Ова е нефункционален авион на Ер Индија, кој е продаден. Ер Индија нема никаква врска со авионот под никакви околности“.
