Како може да проверите дали во вашата хотелска соба има скриени камери

Помислата дека можете да ги отпакувате куферите, да гледате телевизија, да дремнете и генерално да уживате во одморот додека ве гледаат, е доволна за да предизвика морници. Тоа е сценарио од хорор филмови.

Веројатно не е нешто за што редовно размислувавте, кој влегува во хотелска соба и бара камери? Но едно видео на TikTok неодамна ги поттикна стравовите на луѓето, а сега експерт за безбедност објасни како можете да извршите неколку едноставни проверки за да бидете сигурни дека сте сами.

Маркус Хачинс (@malwaretech) објави видео во кое покажува колку е едноставно да се најдат скриени камери. Пред сè, побарајте уреди поставени на место каде што би било погодно да ве набљудуваат, како аларм за пожар веднаш над креветот, тушот или будилникот.

Потоа, земете ја батериската ламба или телефонот и светнете за да видите дали рефлексијата ги открива леќите на камерата во која било мала дупка.

Томас Хем, сопственик на „Spy Catchers LLC“, компанија специјализирана за техничкиот надзор, исто така сподели совети за луѓето кои спијат во хотелски соби, вклучувајќи го и трикот со светилка, при што леќите често покажуваат црвена или сина боја кога се исложени на светлина.

Тој, исто така, предложи да ја преземете апликацијата „Fing“, која работи само ако ја имате лозинката за WiFi за просторот во кој престојуват. Ќе се најавите на мрежата и ќе може да видите список на сите уреди што моментално се најавени на таа мрежа. Апликацијата се труди да ви даде идеја за тоа што е секој уред. Без разлика дали се работи за IP на мобилен телефон, камери или други уреди“.