Како мудриот цар Соломон пресудил која девојка е вистинска за момчето (виц)

Две средовечни жени отишле кај цар Соломон, водејќи со себе едно момче.
– Честити царе, ова момче вети дека ќе се ожени за мојата ќерка! – рекла едната.
– Не! Честити царе, се согласи дека ќе се ожени за мојата ќерка! – викнала другата.
Започнале да се карат, а цар Соломон ги замолил за тишина.
– Донесете ми го најголемиот меч! Треба да го разделиме на два дела. Секоја од вас ќе добие по една половина од момчето!
– Може! Звучи фер! – рекла првата.
Другата:
– О, господару, ви се молам не пролевајте невина крв. Еве нека го земе таа, само не го убивајте.
Мудриот Соломон без да размислува ниту миг рекол:
– Момчето треба да се ожени со ќерката на првата жена!
– Но, господару, таа сакаше да го расцепите на два дела – рекол еден од службениците на царот.
– Точно затоа е јасно – рекол мудриот цар Соломон, – дека таа е вистинската баба.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *