Како на филм од „Дизни“: Сирени спасија група нуркачи од неволја на сред море!

Како што вели поговорката, реалноста понекогаш може да биде почудна од фикцијата. Такво е искуството на група нуркачи, кои неодамна беа спасени од храбри и прекрасни сирени. Сигурно звучи како сцена од филм на Дизни, но тоа е вистина – и моментот на спасување бил снимен на камера.

 

 

Кога Џошуа Кларамунт отишол на нуркање покрај брегот на островот Санта Каталина во близина на Калифорнија, со неговиот татко и најдобриот пријател на неговиот татко, Пабло Авила, групата наишла на неочекувани проблеми кога Авила одеднаш изгубил свест.

Оние кои го пробале овој предизвикувачки спорт знаат колку оваа ситуација може да биде ризична. Џош бил вознемирен и почнал да паничи. Вели дека на Пабло му биле раширени очите, а тој издишал. Мажите се бореле да го извлечат на безбедно и почнале да викаат за помош кога 3 сирени ги опколиле.

 

Сирените, Ел Хименез, Елеина Гарсија и Грејт Чин Бургер, рекле дека почнале да пливаат кон потресените нуркачи за да понудат помош веднаш откако го слушнале Кларамунт како вика за помош. Една од нив вели дека дури решила да му даде уста на уста на човекот кој се бори за здив бидејќи бил во тешка ситуација.

 

Во еден момент, испаничениот Кларамунт почнал да хипервентилира, но за среќа, една од сирените веќе била таму за да го смири, додека третата сирена им помогнала на сите да пливаат назад до брегот. „Моето тело влезе во режим на автопилот, спасување“, вели таа.

Потресената група нуркачи веднаш не сфатиле дека овие прекрасни суперхерои се професионални пливачи и дел од Професионалното здружение на инструктори за нуркање. На тој кобен ден, жените оделе на напреден курс за спасување сирени кога слушнале повици за помош.

Иако нивните костими можеби нѐ потсетуваат на ликовите на „Дизни“, овие жени се многу искусни нуркачи и инструктори за нуркање: „Мислам дека е важно да се знае дека сирените се спортисти, добро сме обучени и вежбаме“, објаснува една од нив.

Жените вклучени во спасувањето освоија награда за признание и специјално писмо за „благодарност“ од извршниот директор на здружението. Со оглед на тоа што популарноста на ова необично хоби во последно време е во пораст и се повеќе и повеќе училишта за сирени почнаа да се појавуваат, не треба да бидете изненадени ако следниот пат кога ќе излезете на плажа, наидете на едно од овие прекрасни „суштества“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *