Како некогаш изгледаше култното вовче Киро, сега оставено на забот на времето
Вовчето Киро исто така познато и како „Охридско чајниче“ е дел од историјата, иако не бил дел од најсовремената технологија со која можеме да се пофалиме многу Македонци во минатото го користеле ова вовче. Од што било споро луѓето се симнувале пеш на угорници за да ги раздвижат нозете и го чекале вовчето за повторно да се качат.
Биле потребни околу 22 часа за вовчето да стигне од Скопје до Охрид, бидејќи најголемата брзина била 20 км на час.

Западната железничка траса Скопје – Охрид функционирала од 1919 до 1966 година. Вкупната должина изнесувала 163 km, а во периодот додека функционира на местата каде поминувала биле израдени/обновени вкупно 201 објект, 48 мостови и 36 крстосници.

Ова вовче сега стои во Кичево и многу граѓани се загрижени дека се запоставува и не е доволно заштитено. Сепак е дел од историјата и крие многу животни приказни. Освен духот на Киро некој треба да се погрижи и самото вовче да биде сочувано.



