Како оваа инфлуенсерка го лажираше својот раскошен живот? Измамила дури три милиони следбеници и сè внимателно смислила!

Корејската инфлуенсерка Сонг Џи, позната и по прекарот Фризија, до пред неколку недели беше една од најголемите ѕвезди на својата земја, а потоа беше откриена измамата што таа внимателно ја смислила.

Популарноста на 25-годишната девојка вртоглаво порасна откако таа се појави во јужнокорејското шоу за запознавање „Single’s Inferno“, по што милиони луѓе почнаа да ја следат на социјалните мрежи, восхитувајќи се на нејзините скапоцени и дизајнерски работи, со кои таа се фалеше. Сепак, нејзината популарност опадна исто толку брзо како што растеше откако беше откриено дека луксузните предмети што ги истакнува се всушност лажни.

Згора на тоа, Сонг Џи не само што носеше фалсификувана дизајнерска облека на шоуто во кое се појави, туку отиде чекор понатаму со снимање спонзорирани објави на Инстаграм и Јутјуб, а сето тоа со лажни производи. Така во едно видео таа се пофали со фалсификувана чанта Диор како и со фалсификувани парфеми.

Иако не е невообичаено инфлуенсерите да ги преувеличуваат своите животи, нејзиното погрешно претставување особено влијаеше на три милиони фанови кои ја следеа бидејќи целата нејзина слика се засноваше на богатство и привилегии.

Сонг Џи се пофалила дека живее во Сеул Форест Тримаж, кој е познат како еден од најпосакуваните станбени комплекси во земјата и омилен меѓу К-поп идолите и познатите личности. Таа исто така изјавила дека посетувала едно од најдобрите училишта во Кореја, Универзитетот Ханјанг, што само придонело за нејзината популарност во земја опседната со образование.

Но, по избивањето на скандалот, фановите дополнително ја истражувале и откриле дека присуствувала на часови за танц во Ханјанг, додека други заклучиле дека нејзиниот стан е всушност изнајмен и не и припаѓа.

„Со ова темпо, само треба да го избрише својот профил на Инстаграм“, „Зошто лажеше дека е родена со златна лажица во устата. Сета таа арогантна дрскост да победи некого во Single’s Inferno. Со што? Со нејзините луксузни брендови.“„Овие инфлуенсери плаќаат илјадници за такви реклами на брендови, а таа всушност направи измама покажувајќи лажна чанта на Диор, нели?“, заклучија нејзините поранешни следбеници на социјалните мрежи.

И самата проговори и се обиде да им се извини за сите лаги што ги покажа, на своите следбеници, но и на познати брендови.