Како поранешен работник од Италија стана најпознат фраер на ТикТок

Малкумина од нас ја знаат оваа личност со неговото име, но скоро секој што поминал некое време на Интернет е запознаен со неговото лице. Хаби Ламе е момчето кое ги доловува своите реакции на чудни „решенија за секојдневни проблеми“, никогаш не изговарајќи ниту еден збор. За неколку месеци, Хаби стана еден од најпопуларните ликови на социјалните мрежи. Немале многу луѓе такво брзо вивнување до слава.

Ние одлучивме да откриеме како обичен работник од Италија успеа да го освои ТикТок и да направи милиони луѓе од целиот свет да се вљубат во она што го прави.

Хаби Ламе е роден на 9 март 2000 година во Сенегал. Кога имал една година, неговото семејство се преселило во Италија, во градот Чивасо, каде им било дадено социјално засолниште.

Во училиште, Хаби бил заинтересиран за фудбал и кошарка. По матурирањето, тој започнал да работи како оператор на ЦПУ машина во компанија што произведуваше дигитална опрема. Општо, тој живееше обичен живот сè до моментот кога доби отказ во март 2020 година.

Наместо да бара друга работа, како што бараше таткото на Хаби, тој се врати во станот на неговите родители и реши да прави видеа за ТикТок.

На почетокот на своето време на Интернет, неговата содржина не се разликуваше многу од она што го прават повеќето влогери. Во своите видеа, Хаби зборуваше на италијански јазик со превод.

Првично, Хаби ги снимаше своите видеа во обична спална соба, која сè уште ја споделува со неговиот постар брат.

Собата на ТикТокерот е украсена со националното знаме на Сенегал и шалот на неговиот омилен фудбалски клуб, Јувентус.

Неговиот канал на TikTok продолжуваше да се развива и тој веќе собра повеќе од 2 милиони претплатници. Но, сè се смени драстично на почетокот на април 2021 година кога Хаби започна да ги покажува своите реакции на чудни и бескорисни совети и трикови.

До крајот на тој месец, Хаби го надмина познатиот „танцувачки милионер“, Италијанецот познат како Џанлука Ваки. Кој беше најпопуларната личност на ТикТок во Италија (18,6 милиони претплатници).

Денес, Хаби Ламе е неверојатно популарен на ТикТок. Бројот на неговите претплатници рапидно расте. Во овој момент тој има околу 84,4 милиони следбеници. Тоа е повеќе претплатници од Кајли Џенер (33,4 милиони), Двејн Рок Џонсон (37 милиони) и Вил Смит (57,8 милиони).

Од 6 јули 2021 година, Хаби Ламе веќе го зазема второто место според претплатниците на ТикТок, иако, пред неколку дена, тој сè уште беше на третото место. Се чини дека наскоро тој ќе го заземе првото место, откако ќе го надмине Чарли Д’Амелио, блогер од САД, кој има 119,4 милиони следбеници.

Исто така, Хаби Ламе стана баран од разни компании. Освен маркетинг договори (со производителот на тестенини Барила, на пример), Хаби добива и други понуди за соработки.

Смешно е што Хаби е познат како италијански TikToker низ целиот свет, иако официјално, тој не е Италијанец – тој не поседува државјанство во оваа земја. Каби вели дека отсуството на италијанско државјанство никогаш не му предизвикало никакви проблеми.

Вака беше сè до моментот кога тој стана популарен и дозна дека пасошот на Сенегал го комплицира процесот за добивање виза за посетител во САД. Тој сè уште минува низ многу документи за да добие државјанство. Откако тоа ќе се случи, тој планира да замине во САД каде го чекаат големи можности.

Исто како и другите популарни луѓе и Хаби не сака да споделува детали од неговиот личен живот. Но, едно е јасно: тој излегува со девојка по име Заира Нучи. Хаби еднаш објави стори посветено на неговата сакана девојка на Инстаграм.

Ламе заработува доста пари, но сепак не е доволно за да се оствари неговиот најголем сон, а тоа е да и купи куќа на својата мајка. „Можеби во иднина“, вели тој.

Вака обичен човек стана еден од најпопуларните луѓе на Интернет без да користи скапа опрема, сложени визуелни ефекти или музика.