Како Садио Мане, ѕвездата на Ливерпул му одржа лекција за скромност на светот

Садио Мане е сенегалски фудбалер, крило на Ливерпул и на сенегалската репрезентација. Тој уште од раното детство го сакал фудбалот и иако неговиот татко му забранувал да игра фудбал како дете, Садио бил упорен во остварувањето на својот сон. Садио почнал од „дното“ и пристигнал на врвот не само благодарение на неговиот талент и истрајност, туку и неговата скромност.

Тој заработува скоро 13 милиони евра годишно и откако новинарите забележале дека носи телефон со пукнато стакло и го прашале зошто кога има толку многу пари не си купи нов, Садио одговорил:

Зошто би сакал 10 Ферари, 20 дијамантски часовници и 2 авиони? Што ќе му помогне тоа на светот? Гладував, работев во полињата, играв бос и не одев на училиште. Сега можам да им помогнам на луѓето. Преферирам да градам училишта и да им давам на сиромашните храна и облека.

Изградив училишта и стадион, обезбедуваме облека, чевли и храна за луѓе во тешка сиромаштија. Им давам по 70 евра месечно на сите луѓе од многу сиромашен регион во Сенегал за да придонесам за нивната семејна економија. Не треба да се истакнувам со луксузни автомобили, луксузни домови, патувања па дури и авиони. Преферирам моите луѓе да почувствуваат малку од тоа што мене животот ми го пружи.