Како се менува власта во Македонија (виц)

Во социјалистичкото време, имаше еден дувачки оркестар кој свиреше на митинзи и конгреси на Сојузот на Комунистите на Македонија низ цела држава, па така музичарите во него заработуваа за живот. По 1991 година, дојде демократијата и немаше повеќе митинзи и конгреси, па музичарите останаа без работа. Решија да ѝ понудат на новата влада да свират за нив на нивните настани. Го испратиле најмладиот трубач, Ферус, во Скопјe, но неколку пати му повториле, НИКАКО да не ѝ споменува на новата влада дека свиреле за Сојузот на Комунисти на Македонија. Два дена подоцна, Ферус се враќа тажен. Музичарите од целото маало го опколуваат:
– Кажи ни Ферусе, што се случи?
Ферус:
– Е што што… кога дознаа дека сме свиреле за СКМ, ме исфрлија, дури и шамар добив.
– Абе Ферусе, колку си прост, идиот! Нели тиу рековме да не им кажуваш дека сме свиреле за комунистите?!
– Па, не им кажав јас бе брат… тие се истите луѓе и сами ме препознаа…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *