Како се менуваат мажите кога ќе станат татковци

Бременоста и породувањето донесуваат многу физички и психолошки промени во телото на мајката, но и мажите можат да доживеат широк спектар на телесни и ментални промени кога стануваат татковци. Хормонален и емотивен „хаос“, силна наклонетост кон новото бебе, вознемиреност и депресија, па дури и симптоми на бременост, можеби звучи неверојатно, но ова го минуваат многу мажи кога ќе станат татковци.

Нивото на тестостерон може да се намали.

Високо ниво на тестостерон е одговорно за однесување поврзано со агресијата, конкуренцијата и привлекувањ нов партнер. Но кога човекот станува татко неговото ниво на тестостерон се намалува, што сугерира дека сега целото внимание на мажот треба да биде насочено кон семејството.

Студиите велат дека мажите кои веќе имаат партнер и  деца имаат пониско ниво на тестостерон во споредба со мажите без деца и оние кои сè уште се во потрага по партнер. Со текот на времето, машките тела научија како да го намалат нивото на тестостерон со цел да ги сменат приоритетите и да се претворат во посветени татковци.

Нивото на окситоцин и допамин се зголемува.

Окситоцинот и допаминот се одговорни за врската помеѓу родителот и детето. Додека нивото на тестостерон опаѓа, позитивните ефекти на окситоцин и допамин се зголемуваат.

Хормоните може да доведат до машка постнатална депресија.

Додека многумина од нас знаат што е постпартална депресија кај жените, малкумина од нас веројатно слушнале  за постнатална депресија кај мажите. Хормоналните промени заедно со обврските на новиот татко ги прават мажите склони кон психички растројства, затоа е толку важно да се знае дека хормоналните промени се случуваат и во телата на татковците.

Може да се случат и некои промени во мозокот.

Научниците ја проучувале мозочната активност кај група нови татковци и се покажало дека нивниот мозок покажал промени во сивата материја. Овие промени им помагаат на новите татковци да ги развијат своите родителски вештини и да изградат силна врска со своите деца. Овие рани интеракции на таткото и бебето создаваат силна основа за идната врска и играат голема улога во когнитивниот и социјалниот развој на децата.

Мажите можат да доживеат високо ниво на емоционален стрес.

Родителските одговорности можат да резултираат со високо ниво на стрес и вознемиреност кај новопечените татковци, но најопасниот дел од ова е што мажите може да почувствуваат дека не можат да побараат помош. Новите татковци честопати мислат дека нивниот повик за поддршка и помош може да го одвлече вниманието од потребите на новите мајки кои, како што тие веруваат, се поважни. Мажите кои штотуку станале татковци можат да доживеат огромен физички и емоционален стрес.

Затоа за двајцата родители е важно да поминуваат време заедно и да разговараат за она што го доживуваат.