Како се прославува Божиќ на плажа во Сиднеј?

Моментално во Австралија е долго, топло и сушно лето и пожари беснеат низ целата земја. Сепак, тоа не значи дека сите се тажни и жалат. Илјадници Австралијци и туристи отпатуваа на плажата Бонди во Сиднеј за да го прослават Божиќ. Времето беше пријатно, 26 степени Целзиусови, луѓето се сончаа, пливаа и се забавуваа. Само црвено-белите капи и елките потсетува на Божиќ, а снешковци се правеа од песок, се разбира.