Како се вика ресторанот? (виц)

Двајца стари бизнисмени вечераат кај едниот дома заедно со своите две млади девојки. По вечерата бизнисмените одат кај едниот во кабинетот, овој вади старо виски и му вели на другиот:
– Вчера бевме во еден нов елитен ресторан, се беше врвно. Од храната, до виното, а за услугата немам коментар. Ти препорачувам да одите.
– А како се вика?
Домаќинот се замислува малку и вели:
– Како се викаше она цвеќето што им го подаруваме на жените?
– Каранфил?
– Не бе она другото…
– Лале?
– Не бе црвено со боцки…
– Роза?
– Е да, роза. Резе душо!!! Како се викаше оној ресторанот што бевме вчера?!