Како стјуардесите ги „казнуваат“ патниците кои одбиваат да заменат седишта во авион

Една стјуардеса откри интересен трик што го користи за да ги „казни“ патниците кои одбиваат да заменат седиште кога некој друг моли за размена — особено кога станува збор за родител и дете.
Митра Амирзаде, стјуардеса од Орландо, САД, споделила дека иако обично не се меша во ситуации кога патниците си бараат да разменат места, таа веднаш интервенира ако дете е разделено од родител. Нејзиниот пристап? Го прашува патникот што одбива: „Добро, тогаш ќе се грижите вие за детето?“
„Имам кажано: ‘Добро, ќе му ги земете грицките и боенките, затоа што ќе му требаат’. Тоа ги тера веднаш да станат,“ изјавила таа за The Wall Street Journal.
Според неа, ова е ефикасен начин да се реши ситуацијата без директно принудување. Но, додава дека патниците кои платиле однапред за своето седиште не треба да се чувствуваат обврзани да го отстапат.
„Ако сте лути што не седите таму каде што сакате, потсетете се дека не сте платиле да изберете место. Ако го имавте платено, ќе бевте таму,“ додава таа.

Како стјуардесите ги „казнуваат“ патниците кои одбиваат да заменат седишта во авион

Ситуации со размена на седишта се случуваат на 80% од летовите

Митра открива дека драмите околу седишта се појава на околу 80% од нејзините летови секој месец. Темата повторно доби внимание по инцидент од декември 2024 година, кога жена била навредена онлајн и останала без работа бидејќи одбила да отстапи место на дете што плачело.
Жената, Џенифер Кастро, 29-годишна банкарка од Бразил, подоцна поднела тужба против авиокомпанијата GOL Airlines и патникот што ја снимил. Ова предизвика жестоки дискусии за тоа кога е во ред да се одбие барање за размена на седиште.

 

Ситуации со размена на седишта се случуваат на 80% од летовите

Како правилно да одговорите на барање за промена на место?

Патничкиот експерт Џејми Фрејзер, од Wild Packs (организација за летни кампови), нуди неколку совети како културно да се справите со вакво барање:
• Никој не е обврзан да го отстапи своето место — тоа е запишано на вашата карта.
• Ако ви се понуди средно седиште, едноставно одбијте со љубезно објаснување: „Сакам да си останам на ова место“.
• Ако другата личност продолжи да инсистира, останете мирни и повторете ја одлуката.
• Ако ситуацијата стане непријатна, повикајте стјуард/стјуардеса – тие се обучени за вакви случаи.
Фрејзер напомнува дека само во посебни случаи, како кога дете е одвоено од родителите, може да се размисли за промена на место – и тоа по консултација со авиокомпанијата, а не веднаш со патници.

Како правилно да одговорите на барање за промена на место?

Кога размената не е прифатлива — и зошто никогаш не смеете да „земете“ туѓо седиште

Иако некои патници сакаат да седат до пријател или не сакаат средно седиште, тоа не е оправдана причина за да очекуваат друг да им го отстапи местото.
Голема грешка е и да седнете на туѓо место пред лицето што го поседува да се качи. Ова создава непотребен конфликт и може да резултира со забавувања, тензии, па дури и исфрлање од авионот.
„Може да завршите во некој вирален клип или дури да бидете отстранети од летот,“ предупредува Фрејзер.
Ако вие сте тој што бара размена, понудете фер договор – ист тип на седиште (прозорец за прозорец, на пример) или подобро. Барање некој да премине од прозорец во средно седиште е непочитување на основна авио-етика.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *