Како телефонско зомби поминува улица?

Мобилните телефони сѐ повеќе и повеќе ги окупираат мозоците на луѓето, кои од страна гледано почнаа да личат на зомби. Едноставен тест дали сте зависник од некоја интересна апликација е ова: Дали ви се случило да го вклучите телефонот за да видите колку е часот, а наместо тоа механички да вклучите некоја апликација. Тоа е таа апликација околу која треба да размислувате. Прв чекор е исклучување нотификации од таа апликација. Ако и тоа не помогне, време е за подрастични мерки.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!