Како тоа што ѝ кажале дека има коронавирус не е доволно лошо, медицински лица од Романија ѝ создадоа додатен „стрес“

32-годишната учителка од Романија која била на патување во Кина веднаш била ставена во карантин откако на аеродромот покажала знаци на коронавирус. Медицинските служби веднаш реагирале ја изолирале жената и болничари со специјална заштитна опрема требале да ја пренесат.

Но, очигледно тие се малку неспретни, или пак ги фатила паника, па жената освен лошите вести претпела и пад. Она што е позитивно од целата ситуација е тоа што подоцна било утврдено дека е лажна тревога и дека жената нема коронавирус, туку само обичен грип и да не е повредена од падот.