Како тренираат припадниците руската воена единица за која се вели дека е најподготвената армија во светот

Русија е добро позната во своите добро организирани воедни единици, но „Spetsnaz“ е дефинитивно најпозната, а за припадниците на оваа единица се вели дека се најподготвени војници во светот.

Сите кои аплицираат за да станат дел од оваа армија треба да поминат ригорозни тренинзи кои многумина ги споредуваат со „мачење од пеколот“.

Тренинзите се состојат од неверојатно тешки вежби кои имаат за цел војниците да ги направат издржливи не само физички туку и духовно. Тие може да поминат цел ден трчајќи со огромен товар на грб додека прескокнуваат опасни прекчи.

Вооружената обука е секако многу важен дел, а што овие момци се вистински господари на оружјето. Тие тренираат да бидат неразделни од пушката и пиштолот, и да ги владеат дури и во сон. Контролата и прецизноста се многу важни, затоа голем дел од обуката е посветен на прецизно стрелање и контрола на оружјето.

 

Историски гледано, терминот „Spetsnaz“ се однесува на единиците за специјални операции контролирани од главната воена разузнавачка служба ГРУ (Спецаназ ГРУ).

Руските специјални сили носат различни беретки во зависност од гранката на вооружените сили на кои припаѓаат.

Бидејќи „Spetsnaz“ е руски термин, тој вообичаено се поврзува со специјалните единици на Русија, но и другите постсоветски држави честопати ги нарекуваат своите специјални единици со овој термин, бидејќи овие нации, исто така, ги наследиле своите единици за специјални намени од сега- згаснати советски безбедносни агенции.