Како живее најизолираното племе во светот

Животот на еден од најоддалечените острови во светот, каде сè уште живеат само првите доселеници, е доловен во серија зачудувачки фотографии. „Екстремно изолираните“ острови Маркесас се едни од најстарите цивилизации во светот, а нивните жители, за среќа, сè уште се релативно недопрени од развиениот свет.

Островите се наоѓаат во центарот на Тихиот океан, на 1.400 км од најблиската популарна туристичка дестинација во Тахити, Француска Полинезија. И овие зачудувачки фотографии на светски познатиот фотограф Џими Нелсон покажуваат каков е животот на островите кои станаа една од најстрого чуваните тајни на светот. Островјаните, познати како Маркизи, задржаа богато чувство на наследство, движејќи се околу нивните острови првенствено на коњ.

Покриени се со значајни племенски тетоважи. Современите тетоважи што се прават денес потекнуваат од овие изолирани острови.