Каков е животот во минијатурните станчиња во Јапонија, кои се многу популарни и барани
Земјата на изгрејсонцето е островска држава со голема густина на население, па не е чудно што цените за изнајмување станови во градовите се далеку од достапни за секого. Но, како што знаете, побарувачката создава понуда, па така настанале овие минијатурни станчиња. Кај младите се популарни и од една друга причина покрај финансиската, а тоа е затоа што не мораат да чистат, односно нема што да се чисти.