Какви се плановите на Франција да има роботска армија до 2040 година?
Иако вооружените конфликти стануваат сè поретки со текот на времето, глобалната воена потрошувачка расте со рекордна брзина. Огромен дел од овие трошоци се насочени кон воената технолошка индустрија – само во САД, помеѓу 2021 и 2023 година, воени стартапи добиле над 100 милијарди долари од приватен капитал.
Франција со амбициозен план
Во ваков контекст, Франција ги објавува своите амбициозни планови: до 2028 година на фронтот да распореди роботи-војници. Генералот Бруно Баратц изјави дека армијата очекува првите напредни копнени роботски капацитети да бидат подготвени за употреба за само три години, со целосна оперативна примена пред 2040 година. Француската војска веќе спроведува тестирања со беспилотни единици со нозе и тркала, способни да минуваат низ пречки и стапици што симулираат услови на бојно поле. Тие би се користеле за задачи како извидување, отстранување мини и поправки на терен.
Подобро воено дејствување
Генералот Тони Мафеис истакна дека вистинскиот предизвик е да се докаже дека роботите не само што ќе преживеат во борба, туку и ќе го олеснат и подобрат военото дејствување.
Но, додека Франција посочува на војната во Украина како оправдување за инвестирање во високотехнолошко вооружување, не застанува ниту со своите „припреми“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно