Калуѓерка украла огромна сума на пари за да ја задоволи нејзината „лоша навика“

Мери Маргарет Кројпер е 79-годишна пензионирана калуѓерка од Калифорнија, САД. И покрај стереотипите кои ги опишуваат калуѓерките како чесни, Кројпер се соочува со сериозни обвиненија за кражба на повеќе од 800.000 долари од католичко училиште.

Поранешната директорка во католичкото училиште се изјасни како виновна за обвиненијата против неа, како дел од договор за признавање на вина, со што би служела помала казна. Во случајот се тврди дека таа крадела од училиштето во периодот од 2008 до 2018 година, а против неа е покренато обвинение за измама и перење пари.

Кројпер била одговорна за парите од школарини и донации во текот на нејзините 28 години како директор.

Таа ги ставала парите на сметката на училиштето, но потоа ги повлекувала за лична употреба и трошела дел од нив во казина. Наводно имала големи долгови во кои западнала поради нејзината „лоша навика да се коцка“.

Згора на тоа калуѓерката, наводно, ги терала вработените да ги менуваат и уништуваат финансиските записи за време на училишните ревизии.

Говорејќи во име на калуѓерката, адвокатот на Кројпер, Марк Брн рече: „За жал, во нејзиниот живот таа страдаше од ментална болест што и го замагли умот и ја натера да направи нешто што инаку не би го сторила“.

Сега на Кројпер и се заканува казна од 40 години затвор за проневера на вкупно 835.339 долари.